Во Основниот кривичен суд во Скопје вчера се одржа првото рочиште за судскиот процес на годината „Рекет“. Судењето започна со доцнење од 45 минути поради здравствени проблеми на Боки 13 – повраќање и бил тешко контактибилен.

Објавил: Весна Петровска | 4 декември, 2019 8:59

„АНГЕЛОТ“ И „ЅВЕЗДАТА“ ЌЕ ЈА ДОКАЖУВААТ НЕВИНОСТА: Кичеец денеска ќе ја чуе пресудата за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни, а Зоран Милевски Кичеец призна вина и денеска ќе ја чуе пресудата за судскиот процес „Рекет“.

Во Основниот кривичен суд во Скопје вчера се одржа првото рочиште за судскиот процес на годината „Рекет“. Судењето започна со доцнење од 45 минути поради здравствени проблеми на Боки 13 – повраќање и бил тешко контактибилен.

Потоа Судот даде пауза од половина час за медицинска екипа да го прегледа Боки 13, која даде мислење дека тој може да продолжи да го следи судењето.

Јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“, рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава.

– Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13, изјави Рускоска.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во Судот рече дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зошто е мета на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“.

– Преку овој предмет се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи. Точно е дека сум невработен и со блокирана сметка кога со јавен линч се уништи еден медиум. Притворот ми го уништи здравјето и ги влоши последоците од двете операции правени во болницата на Јордан Камчев. Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Боки 13.

За некој да има реално или претпоставено влијание треба да има и реален авторитет, а единствено реално нешто во овој предмет, како што истакна Боки 13, е тоа што синот на Катица Јанева бил вработен во неговиот медиум – 1ТВ.

– Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема, изјави Боки 13.Ги повикувам, порача Боки 13, меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес.

Второобвинетата поранешнаа специјална јавна обвинителка Катица Јанева на судењето за „Рекет“ рече дека не се чувствува за виновна и дека знае оти Јавното обвинителство нема никакви докази против неа.

– Горда сум на СЈО и тимот што го водев четири години. Горда сум на сите предмети што се отворија. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница, рече Јанева.

Одговорно тврдам, кажа таа, дека како СЈО постапувала согласно закон и се што направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации.

– Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство на голем ризик и се уште одам гордо и со крената глава. Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“, изјави Јанева.

Судењето продолжува во петок против првообвинетиот Јовановски кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.