Секако многумина би му подзавиделе на тоа што покрај себе има жена која има ангелско лице, долги нозе, по кои е препознатлива, и изгледа како од модна писта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 октомври, 2019 23:10

Ангелско лице и витка става, ја споредуваат со Моника Белучи: Ова е сопругата на Драган Бјелогрлиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Драган Бјелогрлиќ познатиот српски актер, режисер, сценарист и продуцент кој одигра голем број филмски улоги и се прослави се улогата Слободан Попадиќ во ТВ серијата „Подобар живот” повеќе од две децении е во хармоничен брак со сопругата Маја, која ретко се појавува во јавноста.

Фото: РАС- Србија

Секако многумина би му подзавиделе на тоа што покрај себе има жена која има ангелско лице, долги нозе, по кои е препознатлива, и изгледа како од модна писта.

Маја се уште изгледа многу атрактивно,па нема кој не би подзавидел на нејзиното вито тело кое најверојатно е дело на тоа што некогаш се занимаваше со моделинг.

Нивната љубовна приказна започнала токму кога таа била модел па благодарение на својата професија го запознала нејзиниот животен сопатник, актерот Драган. Тие двајца се сретнаа на почетокот на деведесеттите на снимање на една реклама за мебел.

Извесно време Маја работеше и за агенцијата “Форд” и беше на насловните на списанијата Мари Клер и Ел. Како модел таа имаше значајни претставувања на ревии, но честопати доаѓаше во Белград, бидејќи запиша и дипломираше  англиски јазик и литература.

Поради убавината и цртите на лицето српските медиуми честопати ја споредуваа со безвременската убавица Моника Белучи.

Фото: РАС- Србија

Маја студираше англиски јазик и книжевност, набрзо по бракот реши да стави крај на манекенската кариера, па некое време работеше како преведувач. Славната двојка има две деца, ќерката Миа и синот Алексеј.

Бјелогрлиќ првпат пред камери глумел на 15 години, и тоа во филмот на Бранко Бауер, „Бошко Буха“ (1978), толкувајќи го ликот на Сава Јовановиќ Сирогојна.

Во 1984 година се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што дипломирал во 1989 година.

Се прославил со улогата на Слободан Попадиќ во серијата „Подобар живот“ (1987 – 1990). По оваа улога следеле улогите во ТВ серијата „Заборавени” (1990) и филмовите „Црн- бомбардер“ (1992), „Полна месечина над Белград“ (1993), „Убавите села, убаво горат“ (1996), кои Бјелогрлиќ го рангирале во редот од најпознатите и најпризнаните српски актери.

Последниве години Бјелогрлиќ се обидел и како продуцент, а првиот филм кој го продуцирал бил „Убавите села, убаво горат“.

Се обидел и како режисер, го режирал играниот филм и тв серијата Монтевидео, Бог те видео!, со кој постигнал голем успех. Филмот е изабран за српски претставник за наградата Оскар.

Неговата братучетка е пејачката Зорана Павиќ.

Во продолжение погледнете ја рекламата на која се запозна парот…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.