Безбедносните структури во Македонија се во "распад" систем, УБК се транформира, ОТА се конституира, военото разузнавање и Агенцијата за разузнавање никој не ги консултира

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 6:25

Андонов: Кој дал налог да се прислушкува претседателот Иванов?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорот Андонов во врска со последните изречени мерки притвор за Јанакиески и Божиновски не гледа ништо спорно, освен фактот дека некој издал налог нелегално да се прислушкува претседателот на државата.

Во случајот со строго доверливиот документ од УБК врз основа на кој судот одреди притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а кој беше оквалификуван како белешката со невистинита содржина од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, многу е важно да се каже кој дал налог за да се следи или прислушува претседателот.

Ова според универзитетскиот професор на Воената академија Оливер Андонов е клучното прашање што треба да и се одговори на македонската јавност. Вака изгледа дека повторно УБК во процес на реформација и искоренување на политичкото влијание, всушност не се реформира.

УБК мора да влезе во сериозен процес на реформирање. Целокупниот безбедносен систем има потреба од реформирање, со цел граѓаните да имаат доверба и гаранција за безбедност. Нејасно е зошто се следеле комуникациите во кабинетот на претседателот. – вели Андонов.

Треба да се знае кој раководи со безбедносниот систем во државата, додава Андонов. Прашањето, вели тој, е како да се направи служба која навистина ќе им служи на граѓаните.

А тоа не може во процес на кој му претходи анализа на некаква меѓуресорска група која изготвила извештај од 30 страни без суштинска анализа внатре. – нагласува Андонов.

Според него политичарите во Македонија немаат безбедносна култура.

Македонија не учи од грешките во врска со чување на сопствената безбедност , и ако повторно Управата за безбедност и контраразузнавање потфрли, ние ќе ја изгубиме Македонија како држава, предупредува безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски.

Во овие 25 години глобалните служби менуваа три модели. Ние не учиме од грешките, ако земеме анализа на УБК ќе стигнеме до таков заклучок, ни се случуваат многу ризици. Ние дури сега преземаме акции за реформирање, додека глобалните служби тоа го правеа уште во 2001 кога се случи терористичкиот напад на кулите – близначки. Има три модели, па треба да се дискутира дали имаме соодветен модел кој ќе биде ослободен од политички притисок. – констатира Стефаноски.

Според него клучен е системот за контрола и надзор, но и координативното тело кое ќе ја има под свој кров целата разузнавашка заедница.

Не е целата приказна само УБК, тука е и военото разузнавање, Агенцијата за разузнавање, сега и Оперативно техничката агенција (ОТА). – вели Стефаноски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.