Тевдовски: Главниот приоритет на Владата бил платите да растат, бидејќи животниот стандард на мнозинството граѓани, кои немаат приходи од капитал, зависел од платите.

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2019 2:00

Анкета на јавното мислење: Колкаво е твоето месечно примање (ПЛАТА)?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Политиката на зголемување на платите е приоритет на Владата. Затоа преземаме низа мерки за раст на платите, меѓу кои и покачувањето на минималната плата, но и воспоставување законски механизам за нејзино редовно усогласување, вели министерствот за финансии Драган Тевдoвски во интервју за Радио Слободна Европа.

Според Тевдовски, покрај покачувањето на платите, расте и продуктивноста, а се зголемува и вработеноста.

» Главниот приоритет на Владата е платите да растат, бидејќи животниот стандард на мнозинството граѓани, кои немаат приходи од капитал, зависи од платите. Кога растат платите, расте и животниот стандард. Зголемувањето на минималната плата придонесе за значајно зголемување на најниските плати, но и за придвижување на спиралата на плати – што значи дека почнаа да растат и платите повисоки од минималната. За мене како економист е важно дека ова направи и придвижување на продуктивноста. Работник кој е подобро платен повеќе придонесува. – истакнува Тевдовски.

Со законското решение за минимална плата, дополнува министерот, поставен е механизам за нејзино редовно усогласување, зависно од растот на просечната плата, на бруто домашниот производ и растот на цените.

» Сега во април Министерството за труд и социјална политика најави дека минималната бруто плата ќе се зголеми за околу 600 денари. Платите продолжуваат да растат. Треба да се направат дискусии со работодавачите, бидејќи постои простор за дополнително зголемување на минималната плата. – вели Тевдовски.

Во однос на растот на БДП, нагласува дека е клучно тоа што се случува широко базиран раст, односно дека се јавува во повеќе сектори и не се должи на државна интервенција, за разлика од порано.

Тевдовски потенцира и дека јавниот долг е стабилизиран и дека „сега, за разлика од порано не се троши на проекти како жални врби, споменици и фасади“.

» Јавниот долг во 2008 година од 23 проценти од БДП порасна на 48,8 отсто од БДП кон крајот на 2016 година. Сега на крајот на 2018 година изнесува 48,7 отсто од БДП. – предочува министерот и додава дека како резултат на растот на довербата на инвеститорите, намалени се каматите за сервисирање на долговите.

Во 2020 и 2021 година, според Тевдовски, по основа на стари долгови од претходната власт, доспевале за враќање околу 880 милиони евра, сума која оваа власт ја намалила со реоткуп на еврообврзницата.

[yop_poll id=”18″]

Оваа Анкета на јавното мислење не  е обврзувачка и ќе трае до 31март 2019 до 23ч. Секој посетител може да гласа само еднаш, секој нареден пат системот го блокира. Гласањето е анонимно и не се собираат податоци за читателот. Доколку гласате сепка двапати ке ја добиете пораката: Vote not allowed (Гласањето не е дозволено)

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти!

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем...

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите...

Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто во 2018 година, сега изнесува 23,1 проценти, со што, според претставници на Евротинк, таа ја заменува традиционалната позиција на Грција.

Македонските граѓани сметаат дека Бугарија е наш најголем непријател

Најголем дел од македонските граѓани сметаат дека најголем надворешен непријател...