Според истражувањето на луѓето во Република Македонија ,многу искажале недоверба и разочарување во СЈО.

Објавил: admin@magazin | 12 декември, 2018 13:07

Анкета: Се намалува довербата на граѓаните во СЈО

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Многу од граѓаните на Република Македонија немаат доверба во обвинителството и судскиот систем. Во нив не веруваат дури 61 отсто од граѓаните, а довербата ја губи и СЈО, во кое недоверба искажале 53,5 проценти од граѓаните, покажува новата анкета на Телма и МЦМС.

Направено е истражување на јавното мислење на луѓето и се покажа дека 61 отсто од испитаниците немаат доверба во обвинителството, а 32,7 отсто имаат. Недовербата во судството е речиси на исто ниво со недовербата во обвинителството. Мнозинство од 61,4% од граѓаните немаат доверба во судскиот систем, додека 33, 3 отсто сѐ уште му веруваат.
Анкетата покажа и голема промена на караткерот и расположението на граѓаните кон СЈО.  Институцијата која од формирањето беше на врвот и можеби една од институциите со најголема доверба досега, сега доби недовeрба од 53,5 проценти од испитаниците, наспроти 41 процент

Анкетата покажува дека најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните е сиромаштијата со 36,2 проценти, по што следува невработеноста со 27,6, а на трето место е криминалот со 10,2 проценти.

кои ѝ дадоа доверба.

Ако се споредува по партиска линија, големо мнозинство од 84,2 отсто од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат доверба во Јавното обвинителство, наспроти 62,5 отсто од приврзаниците на СДСМ кои имаат доверба во Обвинителството.
Слични се бројките и за СЈО, при што мнозинството од приврзаниците ВМРО-ДПМНЕ, односно 83,8 % немаат доверба во СЈО, а доверба во него имаат 74,5% од приврзаниците на СДСМ.
 Загадувањето е најголем проблем за 7,3 отсто од граѓаните, додека 75 проценти сметаат дека Владата и другите институции не преземаат доволно мерки за решавање на проблемот.
Анкетата е спроведена од М-Проспект на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници во периодот од 11 до 16 ноември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти!

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем...

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите...

Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто во 2018 година, сега изнесува 23,1 проценти, со што, според претставници на Евротинк, таа ја заменува традиционалната позиција на Грција.

Македонските граѓани сметаат дека Бугарија е наш најголем непријател

Најголем дел од македонските граѓани сметаат дека најголем надворешен непријател...