Интервју со Анна Кондратенко, концерт-мајстор во Македонската филхармонија, член на Гудачкиот квартет „Филхармонија“

Објавил: admin@magazin | 27 јули, 2018 22:19

Анна Кондратенко: Уметноста треба да биде над политиката

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Идејата за создавање на еден квартет кај мене се роди уште во текот на моите студентски години во Германија. Затоа што за еден музичар – изведувач, камерното музицирање се смета за дури потешко и од солистичките настапи“, вели Анна Кондратенко

Исклучително значајна е потребата за гудачко камерно музицирање на македонската сцена во сферата на класичната музика, особено што оваа форма на концертирање во последно време кај нас како полека да изумира. Гудачкиот квартет се смета за најсложена форма за интерпретација, па можеби и затоа постои дисконтинуитет во ваквиот вид на концертно практицирање. Голема е потребата да се слушнат делата создавани за гудачки квартети во сферата на т.н. железен класичен репертоар, а кои сочинуваат цело богатство во светската музичка ризница.

Токму затоа, силен беше мотивот, желбата и се разбира инспирацијата, четворица извонредни музички уметници од оркестарот на Македонската филхармонија, да формираат гудачки квартет под наслов „Филхармонија“ и да придонесат кон повторно заживување на оваа концертна форма – Анна Кондратенко, прва виолина (студиите ги завршува во Келн во класата на Виктор Третјаков, а од 2005 година е концертмајстор на Македонската филхармонија), Бојан Илкоски, втора виолина (дипломира во класата на Олег Кондратенко), Бојан Талески, виола (студиите ги завршува во класатана Фросина Балова) и Марија Михајловска на виолончело (студиите ги завршува во класата на Микал Канка). Сите се истакнати музичари кои членуваат во повеќе ансамбли и остваруваат солистички настапи, а како квартет „Филхармонија“ досега одржаа неколку концерти во земјава. Тоа е еден од многубројните поводи да разговараме со исклучителната виолинистка Анна Кондратенко:

Неодамна го формиравте квартетот „Филхармонија“ и одржавте неколку настапи низ земјава. Кој беше првичниот мотив за ваков состав, дали можеби личната надградба или фактот што во Македонија навистина камерната музичка сцена е сведена на ниво на исчезнување (иако оваа констатација е пренагласена можеби)?

Гудачки квартет „Филхармонија“

Идејата за создавање на еден квартет кај мене се роди уште во текот на моите студентски години во Германија. Затоа што за еден музичар – изведувач, камерното музицирање се смета за дури потешко и од солистичките настапи. За мене секогаш е предизвик да се прави нешто што е на ново ниво од тоа што сум го правела досега. До лани, во Скопје немаше соодветен простор за функционирање на еден таков анасмбл, а не зборувам само за концертна сала. Најважен и најголем дел во подготовка на програма за секој вид на музицирање се пробите. Тоа што публиката го слуша на концерт е само врв на ајсбергот. И досега немавме соодветен простор за многубројни и редовни проби на квартетот. Но, со отворањето на новиот објект на Македонската филхармонија каде што спаѓаат не само две концертни сали, туку и соодветни простории за вежбање кои што се достапни 24/7, ни се отворија огромни можности за индивидуално, како и за ансамблово надградување.

Какви се првичните одгласи од публиката и критиката и каков пат во иднина планирате за овој нов состав?

Кога решивме со моите млади колеги да пробаме до посвириме нешто сериозно, затоа што пред тоа имавме веќе свирено заедно за потребите на F.A.M.E.S. (оркестарот за филмска музика)и снимивме музика за неколку проекти во овој состав, решивменајпрвин да видиме дали ќе има „хемија“ на пробите. Сите четворица го паметиме моментот на првиот тон отсвирен заедно на „Уметноста на фугата“ од големиот Ј.С. Бах. Од кога ја почуствувавме таа магија на спој на нашите инструменти со музиката, сфативме дека овој проект не е само за една проба, туку „ќе не биде“ и за подолго. За среќа таа „хемија“ – магија се почувствува и на нашиот прв целовечерен концерт и благодарејќи на тоа, од публиката добивме преубави и восхитени коментари. Решивме да внесеме на нашите концерти и една „новина“ – еден вид на кратки воведи пред секое наше отсвирено дело. Јас одлучив да зборувам за тие воведи со цел ипубликата да се внесе малку во нашите чуства, да ги разбере нашите идеи кои ги внесуваме во секое дело. Во сите градови каде што настапивме добивме искрени зборови на благодарност и воодушевување од публиката.Затоа, после таква плодна прва сезона на нашиот млад квартет, во очекување сме на нови предизвици и интересни програми. Како што кажа еден од диригентите којшто не слушаше на проба: „Нема да имате проблем со избор на програма, туку ќе имате огоромен проблем со тоа што попрво да отсвирите – толку е богат и убав изборот има на делата напишани за гудачки квартет“.

Анна Кондратенко – Концерт мајстор во Македонската филхармонија

Вие сте концерт-мајстор во Македонската филхармонија. Каква е атмосферата со доаѓањето на новиот директор, колку сте задоволни од програмската концепција, од посетеноста на публиката…?

Голема придобивка за нас како институција е тоа што во последните десетина години со Македонската филхармонија раководи човек од оркестарот. Пред Виктор Илиески, беше Маја Чанаќевиќ, па и двајцата од внатре ги знаат проблемите на таков вид на еден сложен и многуброен состав како што е симфониски оркестар. Затоа сметам дека Виктор Илиески работи најдобро што може, како што работеше и директорката пред него. Атмосферата во оркестарот се смени во позитивна насока со самото преселување во новиот дом. Многу сум среќна дека скоро за сите концерти во претходната сезона се бараше карта плус, а и едвај ја чекам следната концертна сезона која ќе биде богата со настани, турнеи, многу интересни програми и извонредни солисти и диригенти.

Како гледате на политичката ситуација во земјава, ни ја загуши ли свеста за убавото, за музиката, за уметноста?

Сметам дека уметноста треба да биде над политиката. Многу ми е криво (а и се чудат нашите гости од странство) дека овде политичка ситуација влијаје на културата многу. Не ги осудувам, ниту ги поддржувам колегите кои се прокламираат од една или од друга политичка партија, тоа е нивниот избор. Јас најмногу би сакала да имаме можност спокојно да ја вршиме нашата возвишена работа – создавање и изведување на музика без да се огледуваме кој на која партија или народност и припаѓа. Тоа е нон-сенс за мене.

Како соло уметник, кој е Вашиот следен предизвик да застанете на подиумот со Македонската филхармонија или со некој друг симфониски оркестар?

Конкретно, септември ќе биде многу плоден месец за мене како солист. Прво ќе имаме турнеја во Казахстан со Камерниот оркестар на Македонска филхармонија, каде што освен во улога на концерт-мајстор ќе настапам и како солист со два концерти – „Зима“ од А.Вивалди и А. Пјацола. Тие се мал дел од концертот на Македонската филхармонија што македонската публика го проследи во април, а на кој што јас настапив со мојот сопруг, Олег Кондратенко. Тој концерт го доби најдобриот одзив од публиката: „Направете реприза на овој концерт – пак сакаме да дојдеме!“. После Казахстан ќе патувам во Москва каде што ќе имам рецитал и мастер-клас во „Шнитке академијата“, а потоа ќе одржам два концерти во Воронеж со нивниот симфониски оркестар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...