Антибиотикот може да го уништи патогенот на неколку начини.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 март, 2020 22:53

АНТИБИОТИЦИ И НИВНАТА МОЌ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги уништат патогените микроорганизми или да го спречат нивниот раст или размножување, без притоа да предизвикаат позначајни штети на домаќинскиот организам.

Современата медицина во голема мерка се потпира на употребата на овие хемиски супстанци во борбата против големиот број на заразни болести.

Хемиската супстанца која има улога на антибиотик мора да поседува селективна токсичност, односно способност за уништување на патогенот со мало или никакво штетно влијание врз домаќинот.

Современата медицина во голема мерка се потпира на употребата на овие хемиски супстанци во борбата против големиот број на заразни болести.

Селективната токсичност може да биде изразена во вид на:

тераписки дози, односно количина на хемискиот агенс кој е потребен за лечење на дадена инфекција
токсични дози, односно количина на агенсот во крвта која не е штетна за домаќинот.
Антибиотиците дејствуваат исклучиво само врз бактерии (грампозитивни и грамнегативни).

Тие немаат никакво влијание врз вирусите. Антибиотиците се природни продукти,добиени од некои фунги.На пример,беталактамите,макролидите,тетрациклините и аминогликозидите се природни продукти.
Во последно време за сите природни, полусинтетскии синтетски продукти, вклучувајќи ги и антивирусните средства унгостатиците и лековите против протозои и хелминти кои имаат клиничка делотворност се користи терминот антимикробни средства.

Антибиотикот може да го уништи патогенот на неколку начини.

Спречување на синтезата на клеточниот ѕид
Оваа група на антибиотици го спречува (инхибира) создавањето на пептидогликанот во клеточниот ѕид на патогенот. Инхибицијата се манифестира со активирање на ензими кои ги раскинуваат врските на пептидогликанот, што доведува до деградација на ѕидот, без кој бактеријата не е во состојба да опстане.

Во оваа група се наоѓаат:

пеницилин
ампицилин
карбенцилин
цефалоспорин
ванкомицин

Спречување на синтезата на протеините

Хемиска формула на стрептомицин.
Одредени антибиотици се врзуваат и за рибозомите на патогенот. Рибозомите се органели каде се врши синтеза на протеините од кои е изградено телото на сите организми, па и на бактериите. Со врзувањето на антибиотикот за рибозомот се спречува синтезата на протеините на даден патоген, со што доаѓа до погрешно отчитување на редоследот на аминокиселините. Во оваа група припаѓаат:
стрептомицин
гентамицин
хлорамфеникол
тетрациклин
еритромицин

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...