Антикоруппциска Комисија го враќа во живот предметот Поткуп ?

Објавил: Узунов Бобан | 8 мај, 2019 23:00

Антикорупциска комисија го враќа на насловните страници случајот “едно евро за Вицето”

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вечерашното гостување на Топ Тема најави дека утре ќе бидат отворени неколку нови случаи. Случајот “едно евро за Вицето” стана познат откако јавноста беше објавена снимка во која Зоран Заев тогашен градоначалник на Струмица наводно барал мито за да легализира земјиште.   

Тој случај откако влезе во судница се водеше под називот “Поткуп”. Струмичкиот бизнисмен Иван Николов тврдеше дека за легализација на градежно земјиште Заев му побарал дополнителни две евра од метар квадратен, едно за него и едно за изградба на црква. 

Премиерот Зоран Заев на 21 мај 2018 година беше ослободен од обвинението за случајот „Поткуп“. Судијата Дарко Тодоровски, при изрекувањето на пресудата во Кривичниот суд, рече дека јавниот обвинител не докажал оти Заев го сторил кривично дело за кое се товареше.  

Правната дилема е дали Антикорпуциска и во која насока може повторно да го отвори предметот Поткуп ако се има предвид дека Зоран Заев е правосилно ослободен од обвинението. Повторното отворање на случајот од страна на Антикорупциската комисија во зависност од епилогот може да се сфати во јавноста како повторно “белење на образот” на премиерот ако се има предвид ослободителната пресуда која веќе ја има за него.

На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот Глобал, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста, рече Ивановска од „жешкото столче“ на Топ Тема.

Според Ивановска тие имаат се поголем број на пријави од граѓани што укажува дека расте довербата во институцијата. Главна цел на новиот состав на Антикорупциската комисија е детектирање на слабостите на системот, додаде таа.

Нашата цел е да успееме да го подобриме системот, тој да функционира и сите да имаат еднакви права, а понатаму како ќе се одвиваат работите политичката одговорност е на политичарите, рече Ивановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.