Како го стекнал станот Сашо Василевски ?

Објавил: Узунов Бобан | 5 август, 2019 14:21

Антикорупциска ќе испитува како екс директорот на МЕПСО Сашо Василевски купил стан од осомничен на СЈО !

Фото/Текст извор: ©магазин

Антикорупциската комисија ќе го испитуа имотот на неодамна разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски. Предметот антикорупционерите го отворија на денешната седница.

Отворањето на овој предмет доаѓа откако беше објавена сторијата дека додека Василевски беше на директорската позиција, купил стан од осомничен во случајот „Поштенска банка“ на СЈО три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот.

Станот, како што објави новинарот на А1он, Васко Маглешов, е од 109 метри квадратни, а бил купен од гевгелиската фирма „Бетон Дооел“, сопственост на Томе Главчев, еден од осомничените во случајот на СЈО. Зделката била направена 17 дена по отворањето на истрагата.

Сашо Василевски купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне.

Од документите од скопскиот катастар до кои дојде „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем се гледа дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.

Василевски за „А1 он“ вчера рече дека станот го купил на оглас и оти не знае дека фирмата била дел од истрагата во слуачјот „Поштенска банка“, а цената била пониска, зашто градбата била стара

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести