Горан Стаменковски зема плата како советник на премиерот Заев (извршна власт), а исто така е раководител во Кривичниот суд (мешање во судска власт) од каде што зема уште една државна плата!

Објавил: Данаил Михајловски | 2 април, 2019 11:34

Антикорупциска ќе отвори случај за непотизам, судијата Седат Реџепагиќ си ја вработил ќерката во истиот суд!

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателката на Антикорупциска комисија Ивановска, во радио емисијата Канал77, најави дека ќе отвори случај за непотизам при вработувањето на Ена Реџепагиќ, ќерка на судијата Седат Реџепагиќ, која во јануари оваа година се вработила во истиот суд каде што работи нејзиниот татко! По допрен глас, односно информација добиена од судијата Панчевски, Антикорупциска ќе отвори истраги и за позицијата на Горан Стаменковски, кој зема плата и од извршната власт (како советник на премиерот Заев), и како раководител на одделението за човечки ресурси во Кривичниот суд, од каде што исто така зема плата. Доколку е така, станува збор за флагрантно мешање на извршната во судската власт и за незаконито земање на двојна плата од државниот буџет. 

Владимир Панчевски даде и други интересни информации за случајот на советникот Горан Стаменковски (имал завршено факултет за социјална политика), кој со спорна измена на систематизацијата во Кривичниот суд од обичен приправник бил унапреден за шест скалила погоре во раководител, а оваа тенденциозна систематизација ја изготвил тогашниот секретар на судот Ристе Спасов. Господинот Ристе Спасов пак е татко на судијката Софија Медарска од Основниот суд Скопје2, сопруга на Филип Медарски, адвокат на премиерот Заев, кој па адвокат е син на Јелица Медарска обвинителка во Вишото обвинителство Скопје, и истиот е во кумовска врска со обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО. Непотизам без граници!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...