Антикорупциска комисија отвора фронт во сите државни институции

Објавил: Узунов Бобан | 22 мај, 2019 13:44

Антикорупциска ќе чешла како се трошеле државните пари

Фото/Текст извор: ©магазин

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва. Во фокусот ќе биде Собранието, користењето на патни трошоци, ќе се испитуваат одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот…

Антикорупциската комисија ќе го испитува начинот на кој биле доделувани и избрани канцелариите кои ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.

По допрен глас од медиуми отворена е постапка и за вработување блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели.

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис, поради тоа што не поднела анкетен лист за имотната состојба, што е законска обврска.

Пановска била именувана за в.д. директор на Хематологија во август 2017 година и оттогаш мандатот постојано и се продолжувал, а таа не доставила анкетен лист.

Пановска е именувана на директорката функција четири пати, а таа дури пред една недела, на 15 мај ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.