Во текот на следниот период ќе биде претежно тивко, или повремено со слаб ветер од северен правец. Токму поради ова по одделни котлини во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Објавил: admin@magazin | 22 февруари, 2021 3:10

АНТИЦИКЛОН И ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ВИСОКИ И НАТПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новата недела која што ни започнува од денеска ќе донесе стабилно, суво и сончево време и тоа поради влијанието на Антициклонот кој ќе зафаќа поголем дел од Европскиот Континент.

Во исто време, од југ ќе продира топол воздух кој ќе услови високи пролетни температури на воздухот, истите ќе бидат повисоки од просечните дури за повеќе од 10 степени, односно ќе биде натпросечно топло што ќе услови за забрзано топење на снежната покривка на планините и на повисоките места.

Во текот на следниот период ќе биде претежно тивко, или повремено со слаб ветер од северен правец. Токму поради ова по одделни котлини во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури само понекаде ќе се спуштаат не многу под нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, додека преку ден ќе биде претежно сончево. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.

НАПОМЕНА: Во текот на следниот период поради забрзаното топење на снежната покривка на планините и на повисоките места, можно е ново покачување на нивоата на реките и езерата во Македонија. Поради ваквата состојба засега нема опасност за ислевање на истите.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...