петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Морисон притоа откри дека владата со компанијата CSL Ltd постигнала договор за производство на две вакцини.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 септември, 2020 12:05

Анти-ковид вакцината ќе биде достапна во Австралија во јануари 2021 година

Фото/Текст извор: ©МИА.мк

Австралиските власти соопштија дека првите количества од вакцината против Ковид-19 ги очекува во јануари, а премиерот Скот Морисон вчера кажа дека дневниот број на новоинфицирани е најмал во последните 10 недели.

Морисон притоа откри дека владата со компанијата CSL Ltd постигнала договор за производство на две вакцини.

Првата е развиена од конкурентската фармацевтска компанија АстраЗенека, во соработка со Универзитетот во Оксфорд, а втората е таа што во своите лаборатории ја развива  компанијата CSL Ltd, во соработка со Универзитетот во Квинсленд, пренесоа британските меидуми.

-На Австралија и треба малку надеж. Денеска направивме значаен чекор кон подобрата заштита на здравјето на нашите сограѓани и борбата против коронавирусот, рече Морисон.

Министерот за здравство Грег Хант изјави дека за време на тестирањето и двете вакцини покажале потенцијал да обезбедат „долготрајна заштита“.

Премиерот изрази очекување дека CSL.Ltd ќе испорача околу 3,8 милиони дози вакцини според лиценцата на Астра Зенека и дека државата ќе набави лекови од ЦСЛ доколку тестовите се покажат ефективни.

-Доколку  двете вакцини ги поминат сите клинички испитувања, Австралија ќе издвои околу 1,7 милијарда долари за вкупно 85 милиони дози, изјави австралискиот премиер. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.