Според него и кај граѓаните има влијание од овие бројки, но оти динамиката можеби не е таква како што некој се надевал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јуни, 2019 18:50

АНЃУШЕВ: „Во овие 27 години сме немале подобри бројки во економијата во Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во интервју за ТВ Телма рече дека посреќни ќе бидеме ако живееме во реална, отколку во виртуелна економија, во која државата ги генерира бројките, туку тоа треба да биде реалната економија, истакна Анѓушев, оценувајќи дека никогаш досега во овие 27 години сме немале подобри бројки во економијата.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во интервју за ТВ Телма рече дека инвестициите лани достигнаа 624 милиони евра, од кои 400 милиони се директни странски инвестиции, а 200 милиони е реинвестирана добивка, во првиот квартал има раст на инвестиции за 9,5 отсто во однос на првиот квартал лани.

Тој рече дека овие бројки се врз база на реална економија, а не врз основа на измислена економија од страна на владата и измислени проекти што даваат брзи резултати и долгорочни проблеми.

Се градат 30 фабрики од кои 20 во ТИРЗ, а седум-осум надвор од нив. Растот на БДП од минус од пред две години сега е четири проценти. Растат и платите, во последната година има раст на просечната плата за шест проценти, а за две години се вработени 50.000 лица од кои помалку од 2.000 се во јавната администрација а другите се во реалниот сектор.

Анѓушев рече дека очекува и натаму да се задржи трендот на раст на платите и оти тоа без разлика дали Владата ќе биде таа што ќе ја зголемува минималната плата, туку пазарните услови ќе го направат тоа.

Мислам на виртуелни проекти со кои ќе се задолжуваме, а при тоа ќе направиме некаков градежен бум да речеме како правење фасади споменици итн. Напротив сите овие бројки се постигнати без дополнително задолжување на Владата, поради тоа што јавниот долг е стабилен две години. Тоа што се задолжуваме е за да ги вратиме старите кредити и никогаш не се задолжуваме со повисоки камати од тие што биле. Што значи тоа е рефинансирање во најголем дел, а многу мал дел е ново задолжување. Она што е важно е дека само таквата економија може да даде резултат на долг рок, за да немаме сериозни осцилации нагоре надолу, рече Анѓушев.

-Посреќни ќе бидеме ако живееме во реална, отколку во виртуелна економија, во која државата ги генерира бројките, туку тоа треба да биде реалната економија, истакна Анѓушев, оценувајќи дека никогаш досега во овие 27 години сме немале подобри бројки во економијата.

-Да бидеме реални и објективни. Не постои волшебно стапче со кое преку ноќ како држава ќе се стигне до стандард како во Швајцарија или Германија. И ние тоа го знаеме и секој што е реален тоа го знае.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...