Општините и натаму мака мачат со големите долгови, иако лани добија од државата 50 милиони евра за таа цел. Делумно, велат, се раздолжиле, но имаат уште многу за враќање, рече Анѓушев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јуни, 2019 20:31

АНЃУШЕВ: „ ЦЕЛТА ОД ВЛАДАТА Е МАКЕДОНИЈА ДА СЕ НАПРАВИ ЗЕМЈА БЕЗ КАЛ„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, изјави дека општините ќе добијат 37,5 милиони евра од државниот буџет за да обезбедат поквалитетен живот во селата и да ги направат достојни за живот на граѓаните.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев рече дека денеска 17 градоначалници добија решенија за поддршка на руралниот развој, но откако ќе ги склучат договорите кон крајот на годинава првично преку Платежната агенција, ќе земаат по само 20 отсто од парите како аванс, а другите дури откако ќе ги завршат проектите по три години, известува Телма.

„Ако сакаме да имаме добра држава, треба условите на граѓаните во селата да ги направиме барем приближно еднакви како во градовите“, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.

Вицепремиерот рече дека опфатени се сите општини преку 202 проекти, а целта е Македонија да се направи земја без кал.

Треба да изградат или подобрат патишта за поврзување на селата, улици, зелени површини, излетнички места, велосипедски патеки и канализациони системи, изјави Анѓушев.

 Анѓушев вели дека, долговите на општините во Македонија не се зголемуваат, туку или се отплаќаат, или во најмала рака стагнираат.

Дали ќе има нови средства за нив за отплата на долговите, ќе зависи од тоа дали ова ќе се одобри со ребалансот на буџетот, рече вицепремиерот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...