Сите компании кои ќе покачат плата на вработените во износ од 600 до 6.000 денари, ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето.

Објавил: admin@magazin | 4 септември, 2019 15:57

АНЃУШЕВ: “Многу ќе се радуваме 100 милиони евра да завршат на платите кај граѓаните”

Фото/Текст извор: ©миа

Со новите мерки за економски развој, промовирани од премиерот Зоран Заев, сакаме Владата да стане партнер на компаниите во зголемувањето на платите. Секој совесен стопанственик, а познавам многу такви, сакаат да ги задржат своите вработени и да ги мотивираат со повисоки плати, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Сите компании кои ќе покачат плата на вработените во износ од 600 до 6.000 денари, ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Во државниот буџет се планирани околу 40 милиони евра за оваа мерка, што значи доколку се реализира целиот износ, а знаеме дека придонесите изнесуваат 37,7 отсто од бруто платата, вработените ќе добијат на име на плата дополнителни 100 милиони евра. Ќе се радуваме тие 100 милиони евра да завршат кај граѓаните, тие средства повторно би ги потрошиле за некои добра или услуги, а државата би добила повеќе средства на име на ДДВ, поради зголемен промет.

Истовремено, овие 40 милиони евра кои се планирани, нема да завршат на некои непознато место, ќе завршат во фондот за здравство и во фондот за социјално осигурување, што значи дека ќе имаме малку подобро здравство и подобри пензии – изјави Анѓушев, одговорајќи на новинарски прашање по потпишувањето на договорите со општините за капитални инвестиции, се креирани под притисок на реалните економски случувања во земјата.

Од оваа нова мерка, дополни, се очекуваат повеќе позитивни ефекти, не само раст на просечната плата, туку и поголема мотивираност и квалитет на живот на работниците, повисоки приходи во Фондот за здравство и Фондот за социјално осигурување, намалување на сивата економија, како и зголемување на потрошувачката од граѓаните, што значи дополнителен прилив на средства во државниот Буџет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...