–Начин да се зголеми продуктивноста е со нови технологии.

Објавил: admin@magazin | 19 октомври, 2019 13:19

АНЃУШЕВ: “Планираме вработувања над 4.000 луѓе – компании се пријавуваат за инвестирање во земјава„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се планираат вработувања на 4.000 луѓе, од кои во првата година вработиле 1.300 луѓе што е показател дека се инвестира во технологии и дека ќе се зголеми продуктивноста, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за ТВ Алфа. Тој посочи дека продуктивноста се зголемува ако за иста плата се произведат повеќе производи.

Кочо Анѓушев во интервју за ТВ Алфа рече дека оваа година преку Законот за финансиска поддршка, вкупно 120 компании пријавиле дека во следниот период ќе инвестираат 230 милиони евра, од кои само во првата година веќе инвестирани се 110 милиони евра.

–Начин да се зголеми продуктивноста е со нови технологии. Постојат три начини тоа да се направи: да се воведат современи технологии, вработените да знаат да работат со висока технологија, менаџерот да знае да ја организира работата и исто да има мотивирани вработени затоа што фабриките сами не работат без работници – изјави Анѓушев.

Анѓушев рече дека во исто време се планираат вработувања на 4.000 луѓе, од кои во првата година вработиле 1.300 луѓе што е показател дека се инвестира во технологии и дека ќе се зголеми продуктивноста.

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска неодамна рече дека македонската економија е во добра кондиција и реални се очекувањата земјата да стаса до раст од 3,5 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...