Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава!

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2020 7:58

Апасиев: Ако не му се спротиставиме на Заев ќе не направи народ БЕЗ ДРЖАВА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мора да дозволиме заедничката и споделената историја да не обедини нас, граѓаните на двете земји – и Бугарите и Македонците – да го почувствуваме тоа. Затоа што ако Гоце Делчев го немаше, мораше да го измислиме за да не обединува. Бидејќи историјата е заедничка во еден минат регион, територијата на регионална Македонија, каде што живееле Македонци кои зборувале македонски. Имаше Бугари кои зборуваа бугарски. Живееле луѓе кои се чувствувале и Бугари и Македонци. И ова е апсолутно точно, истакна премиерот Зоран Заев, во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

– Затоа велиме дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореа за слободата на Македонија, за регионот на Одрин и за сè. И ова е апсолутна реалност, нагласи Заев.

Прочитајте го ова скандалозно интервју на еден ПЛИТОК И НЕОБРАЗОВАН ЧОВЕК. Човек без онтологија.

Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев!

p.s. А ако сте член на СДС, можеби сега е најсоодветно време да си ги искинете членските и да им се извините на вашите дедовци-партизани кои се бореа за Југославија и кои сега се превртуваат во гробовите од поганите зборови на овој Северномакедонец, поренцираше тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести