АПАСИЕВ: ВД Специјален обвинител“ не постои!

Објавил: Узунов Бобан | 23 август, 2019 9:05

АПАСИЕВ: ВД Специјален обвинител“ не постои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол

Фото/Текст извор: ©магазин

Апасиев: Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи, ама со пpocт јазик. 

„ВД Специјален обвинител“ не пocтои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол 😂

За да супсидијарно се примени Законот за ЈО во конкретниов случај, Катица Јанева прво мора да биде РАЗРЕШЕНА!
А за да биде разрешена има едно чудо процедура со пичkљарда фази – па ќе се обидам да ви доловам:

(1) Вилма Русковска треба да подготви ИЗВЕСТУВАЊЕ до Советот на јавни обвинители дека е покрената kpивична постапка против Катица;

(2) Советот изготвува писмен ИЗВЕШТАЈ за основите за разрешување поради нестручно и несовесно работење – кој го доставува до јавноста и до парламентарната Комисија за избори и именувања;

(3) Комисијата доставува ПРЕДЛОГ до Собранието на РМ за разрешување;

(4) За предлогот мора да постои претходна СОГЛАСНОСТ на четирите политички партии со најголем број пратеници;

(5) Собранието на РМ, со двотретинско и бадентерово мнозинство, го усвојува ПРЕДЛОГОТ за разрешување и го праќа повторно до Советот на јавни обвинители;

(6) Дури сега Советот носи ОДЛУКА за разрешување на специјалниот обвинител;

(7) Разрешениот обвинител има право на ТУЖБА против Одлуката за разрешување пред Основниот граѓански суд Скопје за враќање на работа 😉

#СичкоСиИмаПроцедураБе – Напиша Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.