Заевизмот го нарековме највисок стадиум на груевизмот, истакна Апасиев и го цитираше античкиот филозоф Ксенофонт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 10:19

Апасиев: Заевизмот е највисок стадиум на груевизмот!

Фото/Текст извор: ©прес 24

Лидерот на партијата Левица која годинава влезе во парламентот со два пратеника, пратеникот Димитар Апасиев, говореше за новата влада. Имено тој посочи неколку министерства во кои се препознаа Венко Филипче и Никола Димитров.

Во своето обраќање, Апасиев го нарече Димитров „министер за ЕУ-фундаментализам“, а Венко Филипче „министер за задгробен живот“,при тоа истакнувајќи дека Филипче му бил советник на познатиот „министер за смрт“.

Заевизмот го нарековме највисок стадиум на груевизмот, истакна Апасиев и го цитираше античкиот филозоф Ксенофонт.

-Тогаш беше заробена држава, а сега е хибриден режим според Ксенофон, преку четири елементи кои ние ги имаме. Имаме доминација на приватните и бизнис интереси, значи концентрација на богатство и моќ, второ имаме арбитрарнст и страховлада, третата одлика е напната и нездрава заверничка атмосфера, и последната одлика е некадарна администрација составена од чинвници и подлизурковци кои ќе доведат до здивена корупција, образложи Апасиев.

Тој својот говор го заврши со реченицата, „шарената револуција не беше предавничка, туку беше предадена“.

Апасиев по завршување на седницата, рече дека синоќа во Собранието биле прекршени протоколите за заштита од Ковид 19.

Ноќва, во Собранието на РМ, беа прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје и, преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.