-Ова е одраз на лилипутанскиот синдром на двојката Заев и Димитров, испаќа дека е точна тезата која што ја пласирав дека не можете со сервилност да водите надворешна политика, тогаш дури во очите на вашите империјални господари на западот вие сте карикатура.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 11:26

Апасиев: Непроменети останаа само химната и грбот, што повеќе да направиме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Димитар Апасиев,професорот по римско право и дел раководството на „Левица“, во емисијата Само вистина на Канал 5 истакна дека власта не може да води надворешна политика со сервилност.

Уште непроменети останаа химната и грбот, што требаше уште повеќе да направиме, неговата теза вели уште пред референдумот беше дека утредента да требаше да бидеме полноправни членки не требаше да го промениме името, а не па за некаков си датум, вели Апасиев.

-Ова е одраз на лилипутанскиот синдром на двојката Заев и Димитров, испаќа дека е точна тезата која што ја пласирав дека не можете со сервилност да водите надворешна политика, тогаш дури во очите на вашите империјални господари на западот вие сте карикатура.

Тој вели уште непроменети останаа химната и грбот, што требаше уште повеќе да направиме, неговата теза вели уште пред референдумот беше дека утредента да требаше да бидеме полноправни членки не требаше да го промениме името, а не па за некаков си датум, вели Апасиев.

Професорот истакна дека требаше името да не се менува, требаше да си продолжат преговорите, требаше домашни реформи, реформи на правосудството, владеење на право ,правна држава, и антикорупција, тука е рак раната за државата.

-Нема измислување топла вода здравство социјала, обрзование, ако тие се темелите, а вие ги уредите, тогаш вие сте ја донеле Европската унија тука. Ние воспоставивме камшикарска идеологија, поданични менталитет кој што не вродува со плод и така и сме перцепирани, и затоа може да очекуваме пораз до пораз, вели Апасиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.