Фотографијата е споделена на Фејсбук од симпатизери на ДУИ.

Објавил: Владо Марин | 23 август, 2020 10:49

Апасиев не го гласа Џафери, ама му честита!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев конституивната седница кога се дискутираше за изборот на Претседател на Собранието, Апасиев на говорница наброи неколку причини зашто нема да го гласа за Талат Џафери, пренесува Цивил Медиа.

Тој дури го нарече и Че Гевара својот колега од ДУИ, истакнувајќи дека и него го викаат по исто име.

Но, по завршување на седницата, кога се згаснаа камерите, Апасиев беше меѓу оние кои се ракуваа и му посакаа среќа на Џафери.

Пратеникот од „Левица“, Димитар Апасиев од собраниската говорница рече дека се надева дека ќе се дружи само две години!

Кога ќе го видам првопотпишаниот, узурпаторот Николче Димитров, станува јасно дека секаде мора да го има неговиот потпис. За него не знаеме дали е пратеник или министер. До 12 е пратеник, а од 14 часот е министер, или обратно, рече Апасиев, по што беше предупреден од Џафери, за начинот на кој ги изговара имињата на пратениците, по што Апасиев ја прифати неговата забелешка. 

Тој потоа се осврна на изборот на Талат Џафери за претседател, за што рече дека нема да го поддржи.

„За првпат од герила, директно во влада. Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дојде директно на власт. Му давам и 3:0 за толкување на Устав, наспроти претседателот на државата, Стево Пендаровски. Не прозборе ниту еден збор на македонски на конститутивната седница, а и потписот каде што го става во графата за кирилица, него му е на латиница, рече Апасиев за Џафери.“ – рече Апасиев.

Фотографијата е споделена на Фејсбук од симпатизери на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...