Апасиев за генереалниот секретар на Собранието

Објавил: Данаил Михајловски | 6 ноември, 2020 10:34

Апасиев: Цветанка Иванова е најнеспособна во историјата на македонскиот Парламент !

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на политичката партија “Левица” и пратеник Димитар Апасиев откри кој е најнеспособен во историјата на македонскиот Парламент. Во ФБ статус тој ја прозва генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова дека од август месец не може да обезбеди службени легитимации за пратениците. Инаку од осамостојувањето, Собранието досега имало вкупно седум генерални секретари, а Апасиев од позиција на  пратеник го определи најнеспособниот ?

Во согласно со собранискиот Деловник, на секој пратеник му се издава легитимација во која се внесуваат правото на имунитет, но пратеникот остварува и други права и обврски користејќи ја истата.  Издавањето на легитимациите е во надлежност на генералниот секретар на Собранието, а од оттаму се уште нема инфиормации зошто се доцни со издавањето на пратеничките легитимации. 

фб статусот на Апасиев

Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова во изминатиот период беше во центарот на неколку скандали.   Цветанка Иванова претходно работела на раководна позиција во општина Струмица и од извори блиски до владејачката партија, Иванова важи за послушничката на Заев која е богато наградувана. Во изминатиот период Иванова и блиски членови на нејзиното семејство беа во центарот на неколку скандали поврзани со милионски суми, како и непотизам и фаворизирање. 

Имено, синот на Цветанка Иванова, Зоран Иванов, сопственик на фирмата,  „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, добил тендер во висина од 300.000 евра,  за извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година. Воедно, синот на Цветанка, бил и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која исто така се занимава со градежништво-објави опозицоната ВМРО-ДПМНЕ во декември 2019 година, наводи кои што не беа демантирани. 

Генералната Секретарка на Собранието Иванова беше споменувана и за туристичката авантура на сафари во Најроби, Кенија реалзирано на државен трошок.  Иванова била на службено патување во Кенија на Меѓународна Конференција за население и развој во Најроби, Кенија која се одржала од 12-14 ноември 2019 година заедно со тогашните пратенички Јагода Шахпаска и Лилјана Поповска каде ова задоволство според тогашните пишувања ги чинело граѓаните околу 6000 евра.  

Генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова (средина) беше прозвана во јавноста за луксузно патување со тогашните пратенички Шахпаска и Поповска во Јужна Африка.

 

Цветанка Иванова беше споменувана и со скандалот за последниот конкурс за прием на слушатели во Академијата за судиии јавни обвинители. Тогаш Магазин екслузивно објави уште пред да заврши конкурсот дека снаата на Цветанка Иванова, Билјана Иванова вработена во “ЈП Комуналец“-Струмица. е сигурен кандидат за судија и јавен обвинител, што така и се случи. Дали нејзината сверква имала влијание во изборот за снаата за судија проценете сами ! .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.