Ако судот ја потврди пресудата, поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе се соочи со двегодишна казна затвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 12:41

Апелациониот суд го одби барањето на Груевски, ќе му пресуди денес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Апелација ја продолжи седницата и без адвокатите на Груевски. Судот е решен денес да му ја испорача одлуката на судскиот совет на поранешниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Судот одлучи да го одбие барањето на обвинетиот за одложување на седницата поради отсуство на адвокатите. На ова бранителот на помошникот министер во МВР Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков во име на четворицата адвокати на Груевски побара изземање на судскиот совет.

Судскот совет дозволи 30 минути пауза да одлучи по барањето по што го одби

Никола Груевски кој присуствува во судот рече дека има ангажирано цело адвокатско друштво кое го разгледува случајот од повеќе аспекти и дека е неопходно неговата одбрана да биде присутна на седницата на која се разгледуваат жалбите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.