Милајков кој моментално е во истражниот затвор „Скопје“  ќе оди во домашен притвор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 16:14

Апелација одлучи: Куќен притвор за Мијалков

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Апелацискиот суд денеска донесе одлука за домашен притвор на Сашо Мијалков. Тој моментално е во истражниот затвор „Скопје“ а за неколку денови заминува во домашен притвор.

Пред да се формира СЈО, партијата СДСМ во секоја прилика го споменуваше Мијалков како “криминалец, главен мафијаш, братучед на диктаторот, злоупотребувач на тајната полиција“ и слично. Но, пред неколку дена премиерот Заев рече дека тоа е човек кој помогнал за убедување на пратеници да се смени Уставот, а јавноста шпекулира дека денес тој е во многу блиски бизнис односи со Вице Заев.

Ова беше одлучено денес откако Апелацискиот суд реши да ја прифати жалбата на Мијалков и да му ја укине мерката притвор.

-По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година, пишува во соопштението на Апелација. 

Мијалков веќе три недели  е во притвор во затворот во Шутка.

По пресудата за случајот „Титаник 2“ му беше изречена касна од  три години затвор, поради опасност во бегство. 

Сашо Мијалков денеска пред судиите во Апелација повтори дека веќе дал збор дека нема да бега и дека ќе си стои на зборот, а обвинителката Фатиме Фетаи побара тој и понатаму да остане во притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.