Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација.

Објавил: Перо Милчин | 21 ноември, 2019 23:21

АПЕЛАЦИЈА: Јанева е самохрана мајка на две деца, потребна и е хигиена и медицинска терапија во домашни услови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Апелациониот суд Скопје денеска го објави решението за пуштање во домашен притвор на екс специјална обвинителка Катица Јанева.

Судскиот совет смета дека нејзината жалба треба на мерката притвор треба да ја уважи, затоа што Катица Јанева е самохрана мајка на која и е потребна редовна медицинска терапија.

Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација.

„ Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачувување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението.

„СЕ ОПРЕДЕЛУВА надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје, “ пишува во решението.

Екс Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, во обвинението на ЈО, се товари за две кривични дела и тоа:

„Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22, и „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Второобвинетата Катица Јанева ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...