Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално СДК.

Објавил: Весна Петровска | 23 декември, 2019 14:57

Апелација ја укина пресудата за Мијалков за „Титаник 2“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Предметот за Мијалков и Тачи во случајот Титаник 2 се вратени на повторно судење по насоки на Аеплациониот суд.

Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално СДК.

Според информации на порталот, пресудите биле укинати и предметот е вратен на повторно судење по насоки на Апелациониот суд поради суштествени повреди на постапката од страна на Основниот кривичен суд. Овој судски процес го водеше судијата Огнен Ставрев, а во судечкиот совет беше и судијата Осман Шабани. Апелациониот суд не ја потврдува информацијата и оттаму велат само дека одлуката е донесена, но не е напишана, а е предвидено да се објави пред Нова година.

Зам потсетување, во март 2019 година Дојче Веле направи анализа и според неа покажаа дека пресудите на Титаник 2 нема да преживеат.

 

Правни експерти не веруваат дека ќе „преживеат“ пресудите што првостепениот суд денеска им ги изрече на обвинетите за изборни нерегуларности во случајот „Титаник 2“ – Сашо Мијалков, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, објавува „Дојче Веле“.

Како причина за тоа правните експери го посочуваат Начелното правно мислење што го донесе Врховниот суд на 30-ти јануари годинава, според кое, по истекот на законскиот рок кој важи до 30-ти јуни 2017 година, СЈО веќе не може да се смета за овластен тужител и да поднесува обвиненија. Одбраната на обвинетите денеска порача дека Судот треба да донесе ослободителна пресуда, повикувајќи се токму на правното мислење на Врховниот суд, односно дека обвинението е поднесено неовластено и по истекот на периодот од 18 месеци.

Кула на проблематични темели

Иако со одредба во предлог-законот за јавно обвинителство е предвидено СЈО да ги спроведува и обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година, тоа во практика нема да му ја олесни работата на Обвинителството. Законот не е донесен, но и кога би бил, според адвокатот Драган Малиновски, тој не може да има ретроактивно дејство. Некои од правните експерти велат дека ретроактивноста не е пречка кога станува збор за процесна материја, но Малиновски е дециден: „Закон за јавно обвинителство не е процесен закон“.

„Судот е на тест. Сите се свесни дека е изминат рокот за обвиненија по 30 -ти јуни 2017 година, а се бара судот да размислува политички. Со вонредно преиспитување, тие пресуди на крајот ќе завршат пред Врховниот суд, чие Начелно правно мислење е обврзувачко за кривичните совети на овој суд. Да потсетам дека токму со уважување на жалбите за притвор на обвинетите во предметот ‘Империја’, Врховниот суд веќе го материјализираше, го имплементираше тоа Начелно правно мислење. Затоа, се сомневам дека овие пресуди ќе опстојат. На проблематични темели не се гради кула“, оценува Малиновски.

Истите аргументи ги посочува и судијата и професор по казнено право, Лазар Нанев.

„Не сум сигурен дека овие пресуди ќе опстојат со оглед на донесеното правно мислење на Врховниот суд, а во крајна инстанца пред овој суд завршува приказната“, изјавил тогаш Нанев

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...