Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Објавил: Перо Милчин | 27 јули, 2019 9:29

АПЕЛ ЗА ВОЗАЧИТЕ: На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека до половина час!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На граничниот премин „Богородица“, за излез од државата се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ЈП Македонија пат известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево.

АМСМ најавува дека од понеделник, 29 јули, до среда, 31 јули, на Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на патот во времетраење од 09 до 18 часот.

АМСМ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...