Во однос пак на неколкуте случаи за кои постојат сомневања дека починале од сепса, помеѓу кои е и бебе старо три недели, Министерот Сали вели дека формирани се стручни комисии што треба да утврдат како се третирани пациентите во болниците, но не прецизира колку време ќе им треба да контратираат дали имало лекарски грешки.

Објавил: admin@magazin | 28 октомври, 2022 18:10

Аплицирани над 20.000 вакцини против сезонски грип

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем е интересот за имунизација против грип, ама дали ќе има доволно за сите што сакаат да се имунизираат, а се во ризичните групи и им следува вакцина без пари, не знае. 

За една недела вакцинирани се над 20.000 граѓани, на вакцинација.мк пријавени се околу 39.000, а државата купи само 40.000 вакцини. Здравствените власти велат дека има и донацијата од 20.000 вакцини која чека одобрение за употреба од МАЛМЕД, а ако и тие не се доволни, ќе се направеле напори да се набават повеќе.

При денешната посета на вакциналниот пункт во Ценарот за јавно здравје Скопје, каде освен бесплатна вакцина се боцка и со комерцијалните вакцини што чинат по 800 денари, Министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање кажа дека Фондот за здравствено осигурување направил контроли во пет Клиники за да утврди дали има злоупотреба на дежурства, па кога ќе го добиел целосниот извештај, може да има и разрешувања на директори на болници.

Во однос пак на неколкуте случаи за кои постојат сомневања дека починале од сепса, помеѓу кои е и бебе старо три недели, Министерот Сали вели дека формирани се стручни комисии што треба да утврдат како се третирани пациентите во болниците, но не прецизира колку време ќе им треба да контратираат дали имало лекарски грешки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...