Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.623 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.400 барања.

Објавил: Владо Марин | 16 август, 2020 17:08

Аплицирајте за субвенции за набавка на инвертер клима уреди

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.623 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.400 барања.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк:

https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести