По извршен преглед на возилото и лицата, кај М.М. пронајдена и одземена е марихуана.
Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 декември, 2020 12:07

АПСЕЊА ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајдена марихуана, приведени две лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пронајдена марихуана, приведени две лица!

Вчера, (09.12.2020 година) околу 22,40 часот од страна на полициски службеници од ПС Кичево, на регионалниот пат Кичево – Осломеј, запрено е патничко моторно возило “Голф” со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(35) од село Пласница а во кое како сопатник  бил Е.Д.(34) од истото село.
 
По извршен преглед на возилото и лицата, кај М.М. пронајдена и одземена е марихуана. 
Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка.
 
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до наделжното обвинителство.  
 
Исто така полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“. На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести