Српското Обвинителство за организиран криминал објави дека се приведени шест лица под сомнение дека фалсификувале лични документи и продавале лажни ПЦР тестови за ковид-19!
Во соопштението се вели дека лажните документи ги продавале по цена од 100 до 800 евра.
По налог на српското Обвинителство уапсени се шест лица под сомнение дека фалсификувале ПЦР тест, но и лични документи, пренесуваат српските медиуми.
„По налог на Обвинителството после неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање организиран и финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија од слобода се лишени шест лица поради извршување кривични дела, односно фалсификување исправи“, се вели во соопштението на Обвинителството.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.