Апасиев ќе чекал да го викне Мицкоски па да одлучи дали ќе го повикал членството

Објавил: Македонка Димкин | 18 октомври, 2021 10:12

Апсиев се попишмани, сега сака да колаицира со професорот Мицкоски

Фото/Текст извор: ©магазин

Поставените проекции како цел од страна на Левица, полека се остваруваат, изјави вечерва лидерот на ова политичка партија, Димитар Апасиев.

За разлика од минатите локални избори од 2017 година, истакна Апасиев, на овие избори Левица го задржува епитетот на најбрзо растечко левичарско движење во Европа.

– Имаме 15 пати поголем раст од минатите локални избори и четирикратен раст од парламентарните избори, со што сме единствена партија која што бележи тенденција на раст. Во поглед на пресекот на минатите избори каде што имавме само тројца советници, сега имаме советници во речиси 30-тина општини. Влегуваме со повеќе советници во Скопје, во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Битола, Велес, Богданци, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Куманово, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани итн. Евидентен е растот на Левица, ние сме задоволни од овие избори, тоа беше нашата примарна цел – Левица да влезе во советите, рече Апасиев.

Според него, кандидатите за градоначалници на Левица, секаде се трети и не влегуваат во вториот круг.

– Како партија и раководство ќе правиме анализи каде потфрливме, каде направивме добар скор. Општа тенденција е дека левичарското расположение во Македонија е во нагорна линија. Конечно е завршено долгоочекуваниот процес на пасокизација на СДС, и Левица го зазема сигурно приматот во левиот спектар. Хибридниот режим на Заев, е веќе на завршеток и тоа е добро општо како политика на ниво на држава, изјави Апасиев.

Прашан дали „Левица“ ќе ги повика своите гласачи да поддржат некој од кандидатите за градоначалници во вториот круг, Апасиев рече ќе чекаат да бидат викнати на преговори.

„Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак, партиското раководство, Президиумот е тој што ќе ја донесе одлуката. Во меѓувреме ќе свикаме седница на Централниот комитет на која ќе треба да ги испегламе сите овие прашања и ќе го определиме курсот на нашето натамошно делување. Но, евидентно е опозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме“, подвлече Апасиев и додаде дека тие се за постизборни коалиции.

„Сепак, има најави за една друга опција а тоа е ново парлемантарно мнозинство без избори и таа опција е во игра. Ќе видиме, сите опции се отворени. После овој дебакл мислам дека нештата нема да бидат такви какви што беа досега“, истакна претседателот на Левица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести