Таравари вели дека не одлучил дали ќе се кандидира на конгресот во декември.

Објавил: Македонка Димкин | 17 септември, 2022 18:51

Арбен Таравари засега на местото на Зијадин Села

Фото/Текст извор: ©Алсат

Алијанса за Албанците го избра Арбен Таравари за в.д. претседател. На вонреден конгрес на 17 декември оваа партија ќе го избере својот следен претседател. Одлуките во опозициската партија ги донесе денеска Централното собрание кое првично ја утврди оставката на актуелниот лидер Зијадин Села, како морален чин по изборниот резултат во општина Тетово.

„За нас е исклучително важно што од ова собрание и по оваа долга расправа излеговме обединети. Сите пратеници и градоначалници на општините заедно со лидерот на Алијанса за Албанците, продолжуваат и се надеваме дека ќе продолжиме да бидеме надеж за Албанците за промена. Мислам дека треба да покажеме дека Алијанса за Албанците поставува некои стандарди во албанската политика и треба да ја следиме како членови на оваа партија, но и албанските и македонските политички партии“, рече Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците.

Таравари вели дека не одлучил дали ќе се кандидира на конгресот во декември.

„Не. Сè уште не сум рекол дека ќе се кандидирам. Овој период ќе работам до одржување на конгресот. Мислам дека има време за објавување на кандидатури до две недели пред одржување на конгресот, согласно статутот. Ќе видиме, ќе анализираме, ќе ги видиме околностите и ќе донесеме одлуки за кои мислиме дека се најдобри за нашата политичка организација“, додаде тој.

Во наредниот период Таравари дека ќе биде активен на теренот на средби со граѓаните и да ги вратат поддржувачите кои изминатиов период останале воздржани. Тој вели дека покрај него ќе биде и Села, кој потврди дека не се повлекува ниту од политиката, ниту од партијата.

„Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката, имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата. Ќе се занимавам активно со политиката и ќе бидам таму каде што ќе ме бара структурата на Алијанса за Албанците, каде што ќе бара новиот претседател“, рече Зијадин Села, Поранешен претседател на Алијанса за Албанците.

Алијанса следниве денови мора да назначи и нов координатор на пратеничката група во Парламентот откако пред неколку дена од таа функција се повлече пратеничката Илире Даути

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести