Пратениците кои Заев ги ослободи, па од терористи на уставниот поредок станаа коректори на уставот на Македонија, пред одлука да гласаат против човекот кој ги "направи" пратеници

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 14:23

Арнаудов и Василевски би гласале “отпис” на Груевски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениците Арнаудов и Василевски со идентични изјави како денот кога беа запрашани дали би ги поддржале уставните измени, не знаат дали ќе гласаат за отповикување на пратеничкиот мандат на Груевски.

Пратеникот Љубен Арнаудов обвинет за немилите настани во Собранието на Македонја, на паузата од денешното рочиште не сакаше да каже како ќе гласа за одземањето на пратеничкиот мандат на поранешниот премиерот Никола Груевски,

Арнаудов рече и дека не е запознаен со целиот случај.

Денеска сме тука, на судење, не знаеме што се случува во Собрание. Претседателот на Комисијата за имунитетни прашања, Павле Богоевски, е исто така вмешан во случајот, па ќе видиме што ќе се случи. – рече Арнаудов.

Пратеникот Сашо Василевски исто така не сакаше ништо да коментира околу пратеничкиот мандат на Груевски.

За укинување на пратенички мандат ( не имунитет ) согласност дава Комисијата за мандатно имунитетни прашања на Собранието на Македонија, по што предлогот мора да го одобри 2/3 мнозинство од 120 члениот законодавен дом.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести