Не ќе да е на одмет да додека беседи со Рикер вечерва, неговите соработници се распрашаат кај Лулзим Баша и Сали Бериша за кампањата на Рикер во нивно рушење

Објавил: Македонка Димкин | 27 јули, 2019 1:22

Арсим Зеколи: Неколку попатни совети до Мицкоски додека срка кафе со Рикер

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Не ќе да е на одмет да додека беседи со Рикер вечерва, неговите соработници се распрашаат кај Лулзим Баша и Сали Бериша за кампањата на Рикер во нивно рушење од власт во прилог на Еди Рама. На линија Скопје – Белград – Будимпрешта – Вашингтон.

Додека се на линија, можат да ја искористат шансата да го запрашаат Баша за ефектите и добивките кои тој и партијата му имаа од држењето на одговорен, конструктивен приистап кон политиките на Владата на Рама за европски интеграции. И колку комплименти и подршка за возврат добија од американските и европските претставници. Како на пример од Рикер. И на крај, запрашаат што албанците подразбираат под фајде.

Откога ќе се изнамуабетат со соговорниците од Тирана, Мицковски ќе може да седне пред бел лист и гледа како само од себе на празниот лист му се испишуваат есенските опции за кои ќе мора сам да се определи. 
Неговите ставови околу ЈО се наивни, сем доколку не се дел од пакетот договори помеѓу него, Заев и Ахмети. Но за тоа – потоа. Инсистирањето на Рикер и Хан околу подршката на ВМРО за ЈО е секако обландирано, испарфимирано, закукуљено и замумуљено со евро-интеграции и историјски мигови. Така беше со ветингот во Албанија – гледаме што доби Баша. Така беше и со ЈО во Романија – и гледаме што се случува таму. Едноставно, нели што би рекол Љубчо, политизацијата на ЈО, СЈО денес и овде се врши од страна на западните дипломатии. Тие ги бираат, тие ги слават, тие ги наметнуваат, тие ги корумпираат и на крај Мицковски во мое и наше име треба да ги верифицира ставајќи сопствен печат на легитимност врз нивните криминализации на правосудство.

Не е популарно, и баш затоа мора да се каже сега и овде, за да утре не глумиле лудило сите ние ниту пак да како лидер на ВМРО глуми добродушно незнаење. Имено, ова не е час за конструктивност по повод ЈО. Таа конструктивност треба да се покаже како взаемна одговорност чим опозицијата стане дел од техничка, експертска широка пред-изборна коалиција. Во спротивно, во часот во кој ВМРО стави потпис денес и сега, нека бидат убедени дека ја имаат изгубено шансата.

А Мицкоски сведен на судбината на Баша кој по години конструктивност во прилог на интеграциите на Рама ( со надеж дека ќе биде награден со Влада) на крај мораше да дига џева – но не за освојување на власта, туку за спасување на сопствената кожа. Откога претходно во Парламентот најдобриот сојузник на Рикер си инсталира сопствена конструктивна опозиција. Јас само опишувам – а колку Мицкоски ќе се препознае во таквите домашни иднини според странски мината, за тоа сам ќе си реши. Но, ионака веќе има искуство со конструктивни опозиционери во Собранието и во Белата Палата. Па затоа, овој пат ќе мора да си мисли на себе.

Конструктивноста е термин смислен и создаден за опозицијата, ко шеќерлема, ко лижалка, ко парче тоблероне пред голтање на рибино масло и зејтин. Реал-политиката е за власта и дипломатијата. Така да, сумирано, Мицкоски ќе мора сам да донесе одлука што сака повеќе: да биде конструктивно фален, или реал-политички почитуван. Бујрум!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.