Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на конститутивната седница едногласно е избрана за нов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), којашто ги обединува сите 81 општина во државата.

Објавил: Перо Милчин | 22 декември, 2021 16:33

Арсовска прва жена која ќе раководи со сите 81 општина во ЗЕЛС

Фото/Текст извор: ©магазин

Арсовска прва жена која ќе раководи со сите 81 општина во ЗЕЛС

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на конститутивната седница едногласно е избрана за нов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), којашто ги обединува сите 81 општина во државата.

Арсовска потенцираше дека главна цел во нејзиниот четиригодишен мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини.

Она што е значајно, за што имаме консензус во новиот мандат на управниот одбор на ЗЕЛС е дека ќе се посветиме во следниот четиригодишен мандат на интензивирање на процесот на децентрализација, што е долго во застој. Тој процес би требало во наредниот четиригодишен период да обезбеди поголема финансиска независност и стабилност на локалната власт и секако преземање на нови поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа. Верувам дека ќе имаме можност да покажеме како ЗЕЛС што ги обединува сите 81 општина во Македонија, дека ќе можеме како и на денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките, да ги застапуваме интересите на граѓаните кои ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четиригодишен мандат да ги реализираме сите проекти кои ги имаме заеднички зацртано, потенцираше градоначалничката Арсовска.

За нејзини заменици избрани се градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести