Арсовски на прес конференцијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е против грубо кршење на законот Катица Јанева да биде унапредена во Републички Јавен обвинител, односно да добие неколку скалила повеќе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2019 14:20

Арсовски: ВМРО има предлог закон за јавно обвинителство, во функција на борба против организираниот криминал и корупција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се води од принцип на владеење на правото, почитувањето на законите, почитување на Уставот, меѓународното право, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО, Димче Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ има предлог закон за јавно обвинителство кој што го образложивме вчера на прес конференција од страна на претседателот Мицкоски, кој што е достоен и подготвен да биде во функција на бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, кои што во моментот во државата се случува на ангро.Овој закон е реформски и значи неселективна правда за граѓаните.Најпрвин фузијата на двете обвинителства е сугестија на ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите на работните групи и тоа е прифатливо, вели Арсовски.

Арсовски истакна дека предлогот за ЈО на ВМРО ДПМНЕ е подготвен да биде во функција против организираниот криминал и корупција

Арсовски на прес конференцијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е против грубо кршење на законот Катица Јанева да биде унапредена во Републички Јавен обвинител, односно да добие неколку скалила повеќе.

Сите обвинители од дувлото на непотизам наречено СЈО, во кое што во моментов е такво какво што е, каде што работат снаи, ќерки, синови, внуци роднини, пријатели на обвинителите и на СДСМ, треба да се вратат во матичните обвинителства односно институции, од онаму каде што дошле, па дури потоа да конкурираат доколку исполнуваат услови и доколку се квалитетни. СДСМ со нивниот предлог закон сака да ги унапреди своите и роднините на обвинителите од СЈО, што е грубо кршење на правото и потценување на интелигенцијата на народот.

Арсовски истакна дека од ВМРО, бараат детална истрага за срамниот случај „Рекет“,

Бараме детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, дали и колку е инволвирана во целиот случај, која е нејзината релација и врска со двајцата осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста веќе шпекулира, а кои што се дел од раководството односно од врхушката на власта на СДСМ. И врапчињата веќе знаат кој се е вмешан во „Рекет“, само Јавното обвинителство во моментов молчи и не презема никакви чекори. Дури потоа обвинителите од СЈО ако не се инволвирани во случајот „Рекет“ ќе може да конкурираат за во новото обвинителство притоа исполнувајќи ги другите услови кои што ќе бидат поставени и согласно законите кои што ги предвидуваат за јавен обвинител.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство.

Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од новиот обвинител којшто ќе го води обвинителството, притоа почитувајќи го Уставот и законите. ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети во фаза во која што се, дали е доказна постапка, дали е распит на сведоци, дали се завршни зборови или некоја друга фаза од текот на постапката, да ги преземе државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат и треба да припаѓаат.

Димче Арсовски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се сложи со предлог закон на СДСМ кој има две единствени цели и е правен со две неискрени намери од страна на Заев и на власта. Првата е пресметка со политички неистомисленици во случајот како што гледате изминатите години со ВМРО-ДПМНЕ односно со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт односно сегашното раководство, кога ќе се сменат политичките прилики, а тоа ќе биде многу скоро во нашата држава.

Намерите на СДСМ и Зоран Заев се се но само не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ.

Македонија мора да се рестартира и да тргне напред. И тоа уште веднаш!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.