Арсовски истакна дека само неколку дена потоа излезе документ од исказ за кој самото обвинителство на Јовевски и на Русковска потврди дека е автентичен и со самото тоа потврди дека според исказот на оштетениот вмешани се целиот политички врв на СДСМ вклучително и Зоран Заев, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2019 17:24

Арсовски: Зошто Заев и фамилијата Ременски не се повикани на распит, а синот на Јанева не е во притвор?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, кој е десна рака на Зоран Заев, пред само неколку дена јавно на прес конференција проба да ги амнестира сите инволвирани политичари во случајот „Рекет“, изјавувајќи дека немало инволвирани политичари истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски…

Арсовски истакна дека само неколку дена потоа излезе документ од исказ за кој самото обвинителство на Јовевски и на Русковска потврди дека е автентичен и со самото тоа потврди дека според исказот на оштетениот вмешани се целиот политички врв на СДСМ вклучително и Зоран Заев, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Истрагата се води штуро, без потребен интензитет и непрофесионално. Јавното обвинителство се занимава со се, само не со тоа што треба, а тоа е да ја сведе истрагата експедитивно до самиот крај и да се разреши целиот случај во корист на граѓаните. Сега во моментов им е поважно како излегол документот, и дефокусираат, а не има е важно да ги повикаат сите оние инволвирани на распит да го дадат својот исказ за својата вмешаност. Цели 4 месеци Русковска не повикува никого на распит. За разлика од тоа, во случајот со 27-ми само со еден исказ беа притворени луѓе, вели Арсовски и додава:

„Начинот на кој Зоран Заев ја опструира професионалноста на истрагата и пробува да ја управува по свој терк е само уште една потврда за неговиот, страв, очај и инволвираност во целиот случај „Рекет“. Зошто сеуште не е повикан Зоран Заев на распит? Зошто сеуште не се повикани на распит целата фамилија Ременски? Зошто сеуште не е притворен синот на Катица Јанева, за кој што видовме дека имало директна вмешаност во целиот случај? Зошто сеуште не е повикана на распит Радмила Шекеринска, да каже што разговарале кај Боки 13? Кои се други се вмешани во целиот случај на „Рекет“? Кога ќе бидат повикани на распит сите овие луѓе? Дали Заев, Русковска и Јовевски сакаат да ја забошотат целата истрага, на тој начин со кој што ќе ја развлечат, и всушност нема ништо да направат?“.

Замешани се, потенцира Арсовски, сите до еден и влезени се до гуша во криминал целата Влада и целото раководство на СДСМ.

-Одговорност мора да има за сите до еден. Веднаш штом се смени оваа Влада на СДСМ, сите до еден инволвирани во било каков криминал ќе одговараат. И тоа го ветуваме јавно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести