Арсовски зборуваше и за тоа дека правда и одговорност мора да има, но не по теркот на Заев туку еднакво и неселективно кон сите граѓани, правдата е неопходна, по 12-ти април секој еден скандал и афера ќе биде следена, а институциите ќе си ја работат својата работа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 21:33

Арсовски: Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе објави огромен скандал за бизнисот со марихуана!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за порталот Економски Лидер, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за јавноста откри дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе објави огромен скандал во врска со законот за опојни дроги, односно законот за марихуана.

Арсовски во интервју за Економски Лидер најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе објави нов скандал поврзан со СДСМ.

-Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен еден сериозен скандал кој што зема сериозни размери во јавноста, тоа е дел од законот за опојни дроги, народски кажано законот за марихуана кој што во моментот власта сака да си го донесе по свој терк, вели во интервју за Лидер портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше мнпгу да открива и рече дека утре јавноста ќе слушне нов голем скандал каде што власта на СДСМ и фамилијата Заеви личните интереси ги ставаат пред државните

-Не би откривал повеќе детали би оставил јавноста утре да ги чуе од тој скандал но, меѓутоа верувајте ова е уште еднен скандал низ низа на други скандали, каде што власта ги става, односно власта на СДСМ и фамилијата заеви ги става своите лични интереси пред сите останати државни интереси кои што се во интерес на граѓаните, истакна Арсовски.

Арсовски зборуваше и за тоа дека правда и одговорност мора да има, но не по теркот на Заев туку еднакво и неселективно кон сите граѓани, правдата е неопходна, по 12-ти април секој еден скандал и афера ќе биде следена, а институциите ќе си ја работат својата работа.

-Во моментов во Јавното обвинителство има стотици случаи каде што се поднесени кривични пријави, отворени се постапки,меѓутоа стојат и не мрднуваат од мртва точка, ќе набројам неколку: Случајот со гласањето на референдумот, односно изборни нерегуларности за кој се уште нема ништо; Случајот со прислушкувањето што се случи во ЈО, има отворено постапка се уште стои; Случајот со Фонд за иновации, над 10.5 милиони евра беа испумпани на луѓе блиски до СДСМ – посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.