Арсовски истакна дека истото треба да го сторат и останатите претставници на власта поради се што сторија изминативе две години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2019 21:41

Арсовски: Честитки за храбриот потег на Богоевски, истото треба да го сторат и другите од власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија, портпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека на пратеникот Богоевски кој даде оставка по скандалот со дрогата, мора да му се честита за ваквиот чекор.

Павле Богоевски даде оставка од функцијата пратеник по скандалот со аудио снимката каде се слуша дека нарачува наркотици

Арсовски вели дека веќе поранешниот пратеник од редовите на власта Богоевски ќе биде повеќе критички настроен кон СДСМ, отколку што беше додека ја извршуваше функцијата на пратеник.

-Секоја чест за оставката, можеби е поттик за неговите сопартијци кои во изминативе две години направија повеќе дела за кои треба да поднесат оставка. Му посакувам среќа на Павле Богоевски во граѓанскиот активизам, можеби ќе ги оствари целите како што се демократизација на општеството и борба против секоја власт која работи спротивно од интересите на граѓаните. Еве ти ја шансата, сега имаш шанса, имаме власт која работи спротивно од интересите на граѓаните. Очекувам токму она да го покажеш што го кажа дека е многу полесно и поразлично да се работи како граѓански активист отколку да дејствуваш како пратеник. Како што самиот кажа како граѓански активист делуваш независно се бориш за одредени цели, а како пратеник од редовите на СДСМ за жал слушаш наредби кои што мораш да ги исполниш, рече Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.