среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Заедно со Арсовски гостуваа и двајца претставници на владеачкото мнозинство, пратениците Артан Груби и Костадин Костадниов. На нив Арсовски им посочи дека можат уште денес да закажат седница и да изгласаат предвремени парламентарни избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 септември, 2019 0:45

Арсовски ја предизвика власта: Спремни сме за предвремени избори уште денес, само нека изгласаат во Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ,  во денешното гостуање во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат ја предизвика владејачката партија и ја повика да распише предвремени парламентарни избори уште веднаш.

Димче Арсовски ја повика власта да распише предвремени парламентарни избори уште веднаш.

Заедно со Арсовски гостуваа и двајца претставници на владеачкото мнозинство, пратениците Артан Груби и Костадин Костадниов. На нив Арсовски им посочи дека можат уште денес да закажат седница и да изгласаат предвремени парламентарни избори.

-Еве во оваа емисија ја фрлам ракавицита двајца претставници од парламентарното мнозинство се тука нека закажат седница нека изгласаат предвремени парламентарни избори уште денес или утре. На нив оставам, имаат влијание и двајцата во своите парламентарни групи нека изгласаат. Еве чекаме. Да видат дека сме искрени во намерите. Сулудо е да говориме за рејтинзи дека биле во корист на СДСМ, јасно е рејтингот на СДСМ одамна е стопен, одамна е јасно дека ја изгубија поддршката кај граѓаните и доколку се сигурни во својот рејтинг после сите криминални случаи, нека повелат уште денес, уште утре нека изгласаат предвремени парламентарни избори, вели Арсовски.

Имено пред два дена премиерот Заев истакна дека и понудил на опозицијата предвремени избори но во октомври 2020 година. 

-Јас немам дилеми за секое прашање да разговараме. Нормално, нашите ставови се се што е интерес на државата. Мислиме дека е ова навистина неповторливо позитивно време за нашата земја во кое очекуваме датум за почеток на преговорите, полноправно членство во НАТО. Треба да дадеме шанса и на правната држава и на економијата пред се и над се и затоа реков дека треба да тераме до крај на мандатот. Тие побараа предвремени избори, мојот коментар беше „ОК“ нека бидат крајот на октомври 2020 година, оти реално декември е навистина зима – изјави Заев за Фокус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.