Откако вчера излезе информацијата дека Трамп понудил да го помилува Асанж но под еден услов, и откако кралицата Елизабета Втора, рече дека не сака да се меша во политички прашања и нема да му помогне на Асанж, сега на само неколку дена пред почетокот на сослушувањето во Лондон за негова екстрадиција во САД заради обвинение за шпионирање, неговите адвокати решија дека ќе бараат азил во Франција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 10:33

Асанж ќе биде екстрадиран во Франција?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера европскиот правен тим на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж соопшти дека ќе се обиде за него да побара азил во Франција.

Австралиецот Асанж се прослави по објавувањето серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.

Откако вчера излезе информацијата дека Трамп понудил да го помилува Асанж но под еден услов, и откако кралицата Елизабета Втора, рече дека не сака да се меша во политички прашања и нема да му помогне на Асанж, сега на само неколку дена пред почетокот на сослушувањето во Лондон за негова екстрадиција во САД заради обвинение за шпионирање, неговите адвокати решија дека ќе бараат азил во Франција.

-Сметаме дека ситуацијата е доволно сериозна и наша должност е да разговараме за тоа со претседателот Емануел Макрон, изјави угледниот француски адвокат Ерик Дипон-Морети, пренесуваат американските медиуми.

Еден од неговите адвокати, Дипон-Морети на прес конференција во Париз рече дека во затворот во Лондон биле прекршени правата на Асанж, а образложи зошто според него случајот со Асанж е неправеден. Го споменува и неговото лошо здравје. Тимот адвокати на Асанж истакна дека и новинарите ќе трпат последици доколку тој биде екстрадиран и затворен во САД.

Француските членови на тимот истакнаа дека прават се што е во нивна моќ Макрон да му одобри на Асанж азил во Франција.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.