Македонскиот филмски феномен „Медена земја“ беше номиниран во категоријата Најдобар документарец на престижните филмски награди, Оскарите.

Објавил: admin@magazin | 28 февруари, 2020 18:12

АТИЏЕ ЗАПЕА НА МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА: Салата Борис Трајковски грмеше- Атиџе доби овации од публиката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Медена земја“ додаде уште една статуетка во својата колекција на признанија. Македонскиот документарен филм беше награден на овогодишното издание на „Златна бубамара на популарноста„ пишува Фемина.мк

На синоќешната манифестација, на филмската екипа ѝ беше врачена наградата за Најголем интернационален успех.

ФОТО: Александар Буневски / Femina.mk

Покрај режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Фејми Даут, на сцената се појавија и главната протагонистка Атиџе Муратова и семејството Сам од селото Бекирлија.

Македонскиот филмски феномен „Медена земја“ беше номиниран во категоријата Најдобар документарец на престижните филмски награди, Оскарите.

Филмот кој не престанува да ги собира сите значајни филмски награди успеа да влезе во најтесната битка за Оскар за најдобар документарец.

Овој филм испиша вистинска историја во современата филмска индустрија на Македонија.

„Медена земја“ исто така успеа да се номинира и во категоријата Најдобар странски филм, наменета за филмови од неанглиско говорно подрачје. Досега, најблиску до наградата Оскар, беше филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ во 1995 година.

А за најпрестижната филмска награда, во рамки на Југославија беше номиниран и документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.