Сите ја запознаа скромната Атиџе по улогата во Медена земја, но и таа како и останатите пчелари е загрижена од климатските промени и намаленото производство на мед.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 17:20

Атиџе Муратова ја открива цената на нејзиниот мед- еве колку чини!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во земјава има регистрирано околу 6500 производители на мед а една од нив е и хероината на македонскиот документарец „Медена земја“ Атиџе Муратовска.

Сите ја запознаа скромната Атиџе по улогата во Медена земја, но и таа како и останатите пчелари е загрижена од климатските промени и намаленото производство на мед.

Атиџе Муратова е хероината на документарецот Медена Земја,  пчеларка која одгледува диви пчели во зафрленото овчеполско село Бекирлија…

Пчелите преку документарниот филм „Медена земја“ ме одведоа до црвениот тепих а јас преку истиот тепих,вели Атиџе им се вратив на пчелите. Од нив сакав и продолжувам да живеам, тегла мед со восочна пита го продава по 600 денари, оти медот во Македонија се помалку го има.

Како и Атиџе, и другите пчелари се соочуваат со проблеми, и велат дека е намалено производството кое  пред неколку години достигна до 5 милиони килограми годишно а сега едвај надминува 2 милиони и 600 илјади килограми. Но во моментот се зголемува побарувачката а со тоа и цената е поголема на 400 денари ,органскиот се продава до 500 денари.

Како што велат пчеларите за сега нема друг излез од кризата туку единствено решение е заштита на пчелните кошари со еко нано технолошки производ. Тој ги заштитува пчелните семејства од студ топлина од вода и од пожар. Долгорочно решение е глобалниот однос во создавање на услови од помали и порадикални климатски промени.

„Јас сум задоволна од пчелите. Дојдов до црвен тепих да газам. Човек ако сака, ако има љубов може се. Сакам да има и нови пчелари.

Овие неколку години и снего кој заврна ми направи проблеми за ројаци, послабо. Ќе има помалку мед, но повторно ќе биде квалитетен. Пред 10 години имаше повеќ мед“, изјави Атиџе за Канал5 ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.