Станува збор за набавка на 100 респиратори во вредност од околу 10,5 милиони км, како и заштитна опрема во вредност од 2,9 милиони км, објавија сараевските медиуми.

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 декември, 2020 21:53

АФЕРА РЕСПИРАТОРИ: Обвинение поднесено против премиерот на Федерацијата БиХ, Солак, Хоџиќ и Миличевиќ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По повеќемесечна истрага, Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска покрена обвинение поради аферата „Респиратори“ против премиерот на БиХ Фадил Новалиќ, суспендираниот директор на Федералната управа за цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственик на земјоделската компанија „Сребрена Малина“, Фикрет Хоџиќ.

Поднесено е обвинение и против министерката Јелка Миличевиќ.

Обвинетите се товарат за сторени кривични дела здружување заради извршување кривични дела, злоупотреба на положба, примање мито, перење пари и фалсификување и уништување деловни документи.

Обвинетата Јелка Миличевиќ се товари за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Станува збор за набавка на 100 респиратори во вредност од околу 10,5 милиони км, како и заштитна опрема во вредност од 2,9 милиони км, објавија сараевските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.