Согласно законот секој избран или именуван функционер е должен својата имотна состојба да ја пријави во антикорупциска веднаш по стапувањето на функцијата.

Објавил: Едмонд Бекири | 25 октомври, 2022 17:00

Афера „Скриени имоти“: Објавени 4 имиња на функционери кои не поднеле анкетни листови

Фото/Текст извор: ©sitel

Четири функционери на власта не поднеле анкетни листови иако законот ги обврзува на тоа. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во аферата Тајни имоти ги обвини аналитичарот Алберт Муслиу, адвокатот Ивица Јефтиќ, директорот на македонски шуми Валентин Груевски и членот на управниот одбор во здравствениот дом во Берово Новица Печински дека не поднеле анкетни листови што според партијата е индиција дека се кријат имоти. 

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа антикорупциска да почне соодветна постапка

Анкетните листови на функционерите чии имиња ВМРО-ДПМНЕ ги објави на денешната прес конференција не може да се најдат во регистарот на веб страната на антикорупциската комисија. 

Аналитичарот Муслиу за Сител вели дека во Фондот на холокаустот работел волонтерски без паричен надоместок и дека поради тоа, нема обврска да поднесува анкетен лист. 

Од Антикорупциска ја повикаа опозицијата да им ја достави документацијата и најавија соодветна постапка против функционерите кои не поднеле анкетен лист. 

И Премиерот Ковачевски денеска ја повика опозицијата целата документација со која располага да им ја достави на антикорупционерите а тие, соодветно да постапуваат.

Согласно законот секој избран или именуван функционер е должен својата имотна состојба да ја пријави во антикорупциска веднаш по стапувањето на функцијата. 

Тој е должен во анкетниот лист да го внесе својот и имотот на лицата со кои живее во заедница. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.