Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат да се превземат мерки за животните, односно навремено да се даваат доволни количини храна и вода за пиење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 15:16

АХВ со препораки: Внимавајте на храната, високите температури го зголемуваат ризикот од труење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Агенцијата за храна и ветеринарство со препораки до граѓаните, за престојниот период. Од таму велат дека на прагот од летото со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат да се превземат мерки за животните, односно навремено да се даваат доволни количини храна и вода за пиење.

-За да се спречи евентуална појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување на храната. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, наведуваат од АХВ.

Високите температури можат да доведат до труење од храна

Од Агенцијата апелираат купувачите да внимаваат на амбалажата, и да не купуваат и консумираат храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната).

Исто така советуваат доколку купувате производи разладени во фрижидер, тоа да го направите на крајот од пазарувањето бидејќи се работи за лесно расиплива храна како месо, млеко, јајца. Лесно расипливите производи да не се чуваат во автомобил. 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат да се чува храната на температура пониска од 5 степени целзиусови а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени.

Во овој период овошјето и зеленчукот се конзумираат обилно па поради тоа треба темелно да се измијат под млаз вода. Кога станува збор за лесно расиплива храна како месото, млекото и јајцата тие треба термички добро да се обработат.

За да се спречи појава на труење со храна и на стомачни инфекции, неопходно е рацете да се мијат повеќе пати во текот на подготовката. На најгорните полици во фрижидерот треба да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...