Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија“ - рече лидерот на ДУИ.

Објавил: Владо Марин | 11 јуни, 2020 6:40

АХМЕТИ: ВРЕМЕ Е ЗА ПРВИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ, ЗА ОВАА ЗЕМЈА СМЕ СЕ БОРЕЛЕ

Фото/Текст извор: ©Тв 24/Магазин.мк

„Република Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме еднакво право во нејзината историја, наследство, економија и во иднината на нашата земја. Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење! Време е за првиот Премиер Албанец во Македонија!“ – рече меѓудругото лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето видео-обраќање по повод идејата за прв премиер Албанец.

Ахмети рече и дека“Кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме. И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога Претседателот на Собранието на Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес“.

„Првиот Албански Премиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите.

Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија“ – рече лидерот на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика