среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



До објавувањето на текстот од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да добиеме став дали Ахмети правилно ги прочитал нивните сигнали.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2020 15:47

Ахмети: Избори на 5 јули!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

До објавувањето на текстот од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да добиеме став дали Ахмети правилно ги прочитал нивните сигнали. Двете партии вчера останаа на своите ставови, односно Зоран Заев бара брзи избори на 21 или 28 јуни, додека Христијан Мицкоски е за избори во август или во септември.

– Неодбивањето на 5 јули за изборен датум, читаме дека е прифатливо и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ. И двете партии се свесни дека тоа е оптималниот датум за одржување на предвремените парламентарни избори, а прифатлив е и за светот. 5 јули е добар за избори бидејќи граѓаните сѐ уште не почнале со одморите, има време ДИК повторно да изврши прочистување на избирачкиот список, а и дотогаш има шест недели и се надеваме дека ќе се намали и бројот на новозаразени од ковид-19, бидејќи заболените се познати и се од одделни семејства, што значи вирусот е контролиран, вели висок функционер од ДУИ.

Од ДУИ велат дека за датумот за избори комуницираат на партиско ниво. Од таму сметаат дека датумот за избори Ахмети може телефонски да го договори со другите претседатели на партии, и дека нема потреба за средба со лидерите. Оттука повторуваат и дека, според нив, нема потреба ниту од лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски доколку лидерите меѓусебно го усогласат датумот за избори.

Позитивните сигнали дека ни СДСМ ни ВМРО-ДПМНЕ не би биле против 5 јули, ДУИ ги чита од вчерашните изјави на партиските претставници на двете македонски партии. Прво, велат ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека се против избори во јуни, но не споменале, односно не ја отфрлиле нивната понуда изборите да бидат на 5 јули.

Второ, како што велат од ДУИ, СДСМ во вчерашниот настап првпат не споменале дека изборите треба да се одржат на21 јуни. Токму ова за Ахмети е сигнал дека за сите партии 5 јули е можниот компромисен датум за изборите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.